Admin Administrator
Numri i postimeve : 8520 Data e regjistrimit : 02/07/2009 Mosha : 42 Nacionaliteti-Sheti : Tetovë-Maqedoni
| Titulli: [Makedonski] ПОКАЈАНИЕ НА БОГАТИОТ АМЕРИКАНЕЦ Tue 28 Oct 2014 - 21:49 | |
| Оваа приказна ја пренесува познатиот даија шејх Небил ел- Аведи во своето предавање под наслов: “Приказни од секојдневието”. Шејх Ел-Ауди вели: “Еден познат исламски мисионер ми раскажа дека еднаш бил во Америка за да држи исламски предавања. Во текот на предавањето стана еден човек и ми го прекина говорот и ми рече: “О Шејх, има еден присутен која сака да изговори шехадет и со тоа да го огласи своето примање на ислам.” Покажувајќи ми кон еден американец кој седеше до него и му реков: “Аллаху екбер!” (Аллах е Најголем) Американецот се приближи до мене пред масата на луѓе. Му реков: “Што те натера да го засакаш исламот и да станеш негов припадник?” Рече: “Јас поседувам огромно богатство и имам неколку компании и фирми, меѓутоа,не почувствував никаква среќа ниту еден ден. Имав работник од Индија кој беше муслиман работеше во мојата компанија, неговата плата беше мала, но секогаш кога ќе влезеше кај мене го гледав насмевнат и расположен, додека јас си помислував дека поседувам милиони но не се смеев и не бев расположен ниту еден ден. Си реков себеси: Јас имам милиони и компании, додека овој обичен работник секогаш е весел и насмевнат, полн со елан за живот. Еднаш му реков дека сакам да седнам малку да поразговарам со него, и потоа го прашав за насмевката и расположението, па ми рече: “Јас сум муслиман, сведочам дека нема друг Бог освен еден Аллах и сведочам дека Мухаммед е божји пратеник”. Му реков: “Дали тоа значи дека муслиманот целиот ден е весел и расположен”. Одговори: “Да”. Реков: “Како тоа? Рече: “Кај нас допрел автентичен збор од Мухаммед а.с., божјиот пратеник дека рекол: “Чудна е состојбата со верни- кот; сите негови работи се добри. Ако го погоди лошо, е трпелив и така добро му е а ако го погоди добро, се заблагодарува и пак добро му е”. Сите наши работи и состојби се меѓу добро и лошо, радост и тага, среќа и несреќа. При лошо се потпираме и сме трпеливи кон Аллах, а при добросостојба сме благодарни на Аллах, затоа нашиот живот е постојано со среќа. Му реков: “Сакам да влезам во оваа вера.” Ми рече: “Изговори шехадет дека нема друг Бог освен Аллах и дека Мухаммед е негов пратеник”. Потоа Шејхот му рекол на аме- риканецот: “Изговори шехадет, т.е. повторувај ги по мене зборо- вите “Ла илахе иллаллах”. Потоа почна да плаче пред присутните. Го прашав: “Што плачеш?” Рече: “Се колнам во Аллах, во моите гради чувствувам толкава радост што не ја почувствував одамна!” Шејх Ел-Аведи на оваа приказна додава и вели: “Проширување на градите не се постигнува со сериски и играни филмови ниту со страсти ниту со музика. Напротив, преку нив градите се стеснуваат, додека проширување на градите се постигнува со учење на Кур’ан, пост, милостиња. Севишниот Аллах вели: “Оној чии гради Аллах ги отвори за Послушноста... па ја следеа светлината на Господарот негов. Па, тешко на оние срца нивни кои се затврднати кога ќе се спомене Аллах! Онаквите се во скршнување очигледно!” (Зумер, 22) Асип Асанов IV год. Истурена паралелка- Штип
| |
|