Albi-ibro Antarë-Fillestar
Numri i postimeve : 1471 Data e regjistrimit : 06/05/2010 Mosha : 50 Nacionaliteti-Sheti : Hamburg-Germany
| Titulli: ИВЗ бара помош за справување со вехабистите Mon 20 Sep 2010 - 17:39 | |
| ИВЗ немоќна, сама да се справи со радикалните вехабисти, денеска јавно побара помош од власта, албанските политички раководства и странските амбасади во земјата.Поглаварот на верската заедница, Ефенди Реџепи, по повеќе месечен молк, откако скопското муфтиство призна дека ја изгубило контролата врз четири џамии во Скопје, побара политичките авторитети да им помогнат да се справи со радикалните верски групи, чија основна цел била да го разрушат имиџот на исламот.„Посебно амбасадата на САД, како и на ЕУ во Скопје да ја поддржуваат ИВЗ и да преземат потребни и соодветни мерки против овие радикални групи“, вели, Сулејман Реџепи, поглавар на ИВЗ.Реџепи денеска имал средба со верски службеници кои делуваат во дијаспората, од нив добил поддршка дека ќе помогнат за одржување на Иса Бег џамијата, каде ИВЗ тврди дека делуваат радикални вехабистички индивидуи.Алармот на ИВЗ викендов се обелодени и на насловни страници во странските медиуми, високи претставници на заедницата признаваат дека вехабизмот во Македонија, на Балканот и општо, во Европа станува се поагресивен. Дали безбедносно-разузнавачки служби во Македонија, имаат изготвено анализи на ризик? Опасноста постои, велат познавачите, но не и можноста за апсење на радикалите, бидејќи според законот радикалното учење засега не повикува на верска и расна омраза, па затоа слободно се предава во џамиите без разлика што Оџите се без дозвола на ИВЗ. Дали е неопходно да се промени нешто во законските регулативи?Kliko Video | |
|