Јазикот со кој ќе зборуваат жителите на Џеннетот
Ибн Еби Дунја го бележи хадисот кој го пренесува Енес, р.а., кој вели дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Жителите на Џеннетот ќе влезат во него високи 60 лактови, убави како Јусуф, а.с., стари триесет и три години, како Иса, а.с., ќе говорат со јазикот на Мухаммед, а.с., ќе бидат голобради, со кафена и црна коса.“
Давуд ибн ел-Хусеин го бележи преданието према кое Ибн Абас рекол: „Јазикот на кој ќе говорат жителите на Џеннетот ќе биде арапскиот јазик.“ Укајл вели дека Ез-Зухри рекол: „ Јазикот на кој ќе говорат жителите на Џеннетот ќе биде арапскиот јазик..“
Жителите на Џеннетот нема да спијат
Ибн Мирдевејх го бележи хадисот од Џабир, р.а., кој вели дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Спиењето е брат на смртта, а жителите на Џеннетот нема да спијат.“ Ет-Теберани го спомнува преданието од Џабир, р.а., кој вели дека Веровесникот, с.а.в.с., е запрашан дали жителите на Џеннетот ќе спијат. Веровесникот, с.а.в.с., на тоа одговорил: „Спиењето е брат на смртта, а жителите на Џеннетот нема да спијат.“
За преоѓањето од пониските во повисоките Џеннетски степени
Имамот Ахмед го бележи преданието од Ебу Хурејре, р.а., кој вели дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Аллах добриот роб ќе го воздигне на поголем степен, па тој ќе запраша: ’Господаре мој, со што го заслужив ова?’ Аллах ќе му одговори: Твоето дете учи дова за тебе.“
За препирањето на Џеннетот и Џехеннемот
Во двата Сахихи е забележен хадис од Ебу Хурејре во кој стои дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Џеннетот и Џехеннемот ќе почнат да се препираат, па Џеннетот ќе рече: ’Господаре мој! Како тоа да во Џеннетот влегуваат само сиромаси и бедни?’ па потоа се пожали: ’Господаре мој!
Како тоа да во Џехеннемот влегуваат само оние кои се охолиле и кои биле насилници?’ На тоа Аллах одговори: ’Ти, Џеннете си Моја Милост, која ја давам кому сакам, а ти, Џехеннеме, Моја казна си, со која казнувам кого сакам. И едниот и другиот ќе ве наполнам.’
Џехеннемот нема да се наполни сè додека он со својата нога не застане на него, а тој ќе проговори: “Доста, доста!’ Тогаш неговите краеви ќе се соберат, ќе се збијат еден со друг, а Аллах никому од Своите створенија нема неправда да направи.
А што се однесува до Џеннетот, тој нема да се преполни. Возвишениот Аллах за него ќе создаде створенија, со кои ќе го наполни.“
Ибн Кајјим ел-Џевзи